Електроенргетика

Електроенргетика

Инспекција на електроенергетски постројки и уреди, опрема која работи во потенцијално експлозивна средина.

 

Прашања

Што е технички преглед на електроенергетски постројки и опрема ?

Технички преглед на електроенергетски постројки и опрема е систематско изведување на активности кои опфаќаат проверка на проектот, проверка на влезната и излезната документација, проверка на сите испитувања потребни за докажување на безбедноста на техничката опрема како и директна специфична визуелна контрола на електроенергетските постројки и нивните одделни составни делови

Што е периодично испитување на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди и опрема ?

Секое испитување потребно за докажување на безбедноста на техничка опрема согласно стандардите и техничките спецификации според кои истата е произведена.

Што е Корисник на електроенергетски постројки или на електрични производи и уреди ?

Физичко или правно лице со седиште во Република Македонија коe е сопственик на електроенергетски постројки или зема под наем електроенергетски постројки или електрични производи и уреди за вршење на сопствена дејност или се јавува како работодавач со електроенергетски постројки или електрични производи и уреди .

Што е независно правно лице за технички преглед и периодични испитувања на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди и електрична опрема ?

Правно лице за технички преглед и периодични испитувања на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди и електрична опрема е правно лице кое своите работи ги врши независно и непристрасно во однос на заинтересираните страни и има решение од министерот за економија за исполнетост на условите за вршење на технички прегледи и периодични испитувања.

За која техничка опрема се применува Правилник за користење на електроенергетски постројки и електрична опрема ?

Постројки и нивните составни делови за производство, трансформација, пренос, дистрибуција и мерење на електрична енергија, за номинален напон од 380 V или повисок, со моќност поголема од 1000 W, како и засебни електрични уреди и производи за производство на електрична енергија, за номинален напон од 380 V со моќност поголема од 1000 W.

Дали за нисконапонски електроенергетските постројки, електричните производи и уреди, за номинален напон од 380 V со моќност поголема од 1000 W, потребно е да се спроведе постапка за прво пуштање во употреба?

Да

Кој ги спроведува периодичните прегледите и испитувања на нисконапонски електроенергетските постројки, електричните производи и уреди ?

Корисникот,кој прави избор и склучува договор со независно правно лице затехнички преглед и периодични испитувања (кое има решение од Министерот за економија за вршење на прегледи и периодични испитувања) и кое ќе му достави/ издаде Технички извештај

Кое е значењето на изразите „Експлозивни атмосфери“ и „Потенцијално експлозивна атмосфера“ кои се употребени во Правилник за користење на опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба потенцијално експлозивни атмосфери?

„Експлозивни атмосфери“ се смеша од воздухпри атмосферски услови и запаливи супстанци во облик на гас, испарувања, измаглици или прашина во која при запалување, согорувањето ќе се рашири на целокупната незапалена смеса; а „Потенцијално експлозивна атмосфера“ е атмосфера која може да стане експлозивна при локални иоперативни услови

Што е Независно правно лице за технички преглед и периодични испитувања на на опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално експлозивни атмосфери?

Независното правно лице за вршење на техничкипреглед и периодични испитувања на опрема и заштитните системи наменети за употреба во потенцијалноексплозивни атмосферие правно лице кое своите работи ги врши независно и непристрасно во однос на заинтересираните страни и има решение од министерот за економија за исполнетост на условите за вршење на технички прегледи и периодични испитувања на опрема и заштитните системи наменети за употреба во потенцијалноексплозивни атмосфери?

На кој вид на техничка опрема се применуваат одредбите од Правилник за користење на опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба потенцијално експлозивни атмосфери?

Одредбите од овој правилник се применуваат на:

  • енергетски и инструментациски електрични уреди наменети за употреба во експлозивни атмосфери
  • неелектрични уреди и опрема наменети за употреба во експлозивни атмосфери
  • електрични инсталации на енергетика и инструментација наменети за употреба во експлозивни атмосфери
  • неелектрични инсталации наменети за употребаво експлозивни атмосфери

Одредбите на овој правилник се применуваат и наупотребата на безбедносните уреди, уредите за управување на контролните уреди, наменети за користење надвор од потенцијално експлозивната атмосфера, или се употребуваат за безбедна работа на опремата и заштитните системи кои претставуваат ризик за експлозија 

Што опфаќа или поточно од што се состои Техничкиот преглед и испитувањата пред ставање во употреба и кој го извршува?

Техничкиот преглед и испитувањата пред ставање во употреба го извршува независно правно лице и се со стои од:

  • проверка на проектната и другата документацијаво однос на барањата за безбедност при употребата на опремата и заштитните системи кои се наменети заупотреба во експлозивни атмосфери
  • преглед на исполнувањето на одредбите за монтажа, погонување, употреба и управување на опремата и заштитните системи кои се наменети за употреба воексплозивни атмосфери заедно со соодветните функционални и работни испитувања предвидени од производителот, односно проектантот и
  • усогласеност на уредите за заштита со одредбитево проектната документација и техничката документација за ракување со опремата издадена од производителот

Со кој вид на документација е придружена техничката опрема?

Секоја техничка опрема треба да биде придружена со следната документација:

  • техничка документација согласно Член 21 од овој Правилник
  • упатство за употреба, упатства за одржување и сервисирање, упатство за периодични прегледи и упатство за спасувачки операции, кои ги издава производителот