Лифтови и Дигалки

Лифтови и Дигалки

Прашања врзани со лифтови, кранови, дигалки, индустриски транспортери и жичари.

Прашања

Сопственик и корисник сум на лифт, што треба да направам согласно Законот за да лифтот го користам безбедно и согласно позитивните законски прописи?

Согласно Законот за техничка инспекција како корисник на техничка опрема должни сте да спроведете постапка за ставање на употреба на предметната техничка опрема односно лифтот.

При постапка на ставање во употреба на техничка опрема, кој треба да го направи техничкиот преглед на лифтот?

Техничкиот преглед треба да го изврши овластено акредитрано независно правно лице, кое по извршениот технички преглед ќе Ви издаде Технички извештај за извршен технички преглед напредметната техничка опрема односно лифтот.

На колку време треба да се прави технички преглед на лифтови?

На лифтовите треба да се врши периодичен технички преглед најдоцна по истекот на една година од последниот технички преглед односно еднаш годишно.

Поседувам возило со дигалка за подигнување на лица на висина над 2м, дали треба да спроведам постапка за ставање во употреба на дигалката?

Да, согласно Законот за техничка инспекција и Правилникот за користење на дигалки и индустриски транспортери за диглка за подигнување на лица над 2м монтирана на возило треба да спроведете постапка за ставање во употреба, со оглед дека истата е во група 2 според член 2 од Правилникот за користење на дигалки и индустриски транспортери.

На кој временски период треба да се врши технички преглед на мостовски кран?

На техничката опрема од група 1 од Правилникот за користење на дигалки и индустриски транспортери односно во случајот мостовски кран, периодичен годишен технички преглед се извршува еднаш годишно, најдоцна по истекот на една година од последниот технички преглед, на секоја трета година задолжително се врши детален технички преглед согласно Правилникот за користење на дигалки и индустриски транспортери.

Поседувам виљушкар Toshiba на дизел погон за подигнување на товар до 3т, дали за истиот треба да спроведам постапка за ставање во употреба?

За предметната техничка опрема – виљушкар , не треба да се спроведе постапка за ставање во употреба на техничка опрема, но за истиот сте должни да вршите периодични технички прегледи. Виљушкарите се во група 3 од техничка опрема согласно согласно Правилникот за користење на дигалки и индустриски транспортери, за која треба да се изврши детален технички преглед на 3 години, односно 2 години доколку опремата е постара од 9 години.

Градам станбена зграда - објект за заедничко домување кој е во завршна фаза, во истата се вградени 2 лифта, кој треба да спроведе постапка за ставање во употреба на лифтовите, јас како инвеститор или станарите кои ќе се вселат по изградбата?

Во случај на нововградена техничка опрема во нови објекти барањето го поднесува инеститорот и тој ја спроведува постапката за стравање во уптореба на предметната техничка опрема.