Опрема под притисок

Опрема под притисок

Инспекција на опрема под притисок, пренослива опрема под притисок, гасоводи за природен гас и нафтоводи

 

Прашања

Како е класифицирана опремата под притисок?

Групата 1 е составена од опасни флуиди. Опасен флуид е супстанција или смеса составена од флуиди дефинирани како:

  • експлозивни,
  • екстремно запаливи,
  • високо запаливи,
  • запаливи (каде максималната дозволена температура е над точката на палење),
  • многу отровни,
  • отровни,
  • оксидирачки.

Групата е составена од сите други флуиди кои не се опфатени во точка 1 од овој став. Во случај кога е садот составен од повеќе комори, истиот се класифицира во највисоката категорија што се применува за индивидуални комори. Во случај кога комората содржи неколку флуиди, класификацијата се прави врз основа на флуидот кој е во највисоката категорија.

Како лесно да се утврди категоријата на опремата под притисок?

Правилнк за опрема под притисок (Сл. В. на РМ. Бр. 17/2007)

Производителот или корисникот треба да утврди дали опремата е во рамките на опсегот на Правилникот за опрема под притисок, следниот чекор е да се одреди класификација на опремата. Постојат четири категории: I до IV. I категорија се однесува на најниската и IV категорија се однесува на највисоката категорија на опасност . Опрема која не спаѓа во ниедна Категорија се применува "добра инженерска пракса"

Најлесниот начин за одредување на категоријата е да се користи онлајн калкулатор како што се следните линкови:

http://www.eucertification.com/ce-certification-2/ped/pressure-vessel-calculator

http://www.red-bag.com/ped-classification.html

Забелешка: Ако опремата не е определена во рамките на категориите I до IV, тогаш оваа опрема не е подлежи на постапките на ставање во употреба и периодична инспекција.

Што опфаќа првиот технички преглед и испитување?

Пред ставање во употреба, на опремата под притисок се изведува прв технички преглед и испитување.

Првиот технички преглед и испитувањата изведени од независно правно лице се состојат од:

  • проверка на проектната и останатата документација во однос на барањата за безбедност при употреба на опремата под притисок,
  • преглед на исполнувањето на одредбите за монтажа, погонување, употреба и управување на опремата под притисок, заедно со соодветните испитувања предвидени од производителот, - усогласеност на сигурносната опрема со одредбите на производителот.  Доколку првиот технички преглед и испитувањето покажат недостатоци, истите независното правно лице ги пријавува кај корисникот кој треба да ги отстрани. 

Кои се видовите испитувања на опремата под притисок?

Пeриодичните испитувања кои се спроведуваат на опремата под притисок во употреба се изведуваат во рамките на:

  • технички преглед на надворешноста,
  • технички преглед на внатрешноста,
  • проверка на интегритетот.

Пред изведување на испитувањата корисникот треба да ја достави целосната документација за опремата под притисок до независното правно лице и го известува за сите релевантни промени на состојбата на истата.

Корисникот на опремата и независното правно лице треба да ги спроведат сите безбедносни одредби во случај на испитување определени од производителот и од други прописи. 

 

Кои видови на документи ја следат техничката опрема при ставање во употреба и при користење?

Член 21 од Правилникот за користење на опрема под притисок

  1. Независното правно лице ги обединува резултатите од испитувањата со техничкиот преглед со кој се утврдува состојбата на опремата во однос на барањата за нејзина безбедност дефинирани во подзаконските акти за производство.
  2. По изведните испитувања и спроведувањето на техничкиот преглед независното правно лице издава извештај до корисникот на опремата под притисок во кој наведува на недвосмислен начин дали се запазени основните безбедносни барања за опремата која била предмет на испитувањата, дадени во прописите за нејзино производство.
  3. Во случај на позитивен извештај од испитувањата и техничкиот преглед независното правно лице ја означува опремата со свој знак на непроменлив начин, со јасно обележан датум на изведувањето на активностите.
  4. Во случај на негативен извештај независното правно лице, покрај корисникот го известува и Инспекторатот.
  5. Извештаите од испитувањата ќе бидат чувани од корисникот и предадени до Инспекторатот а и до новото независно правно лице во случај на промена.
  6. Извештаите од став 2 на овој член за техничкиот преглед и периодичните испитувања, кои ги составува независното правно лице се во форма определена од Инспекторатот врз база на националните стандарди.