Листа на инспекциски тела

Оваа листа е според стандардот en 17025 за инспекциски тела кои се овластени од министерство за економија на република македонија во однос на законот за техничка инспекција и подзаконските акти кои се на сила.

ИТ - 019 ЕЛКО-ИНГ ИНСПЕКЦИСКО ТЕЛО СТРУМИЦА

Инспекција ( контрола) на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди, енергетски трансформатори, високонапонски постројки и енергетски кабли, системи за громобранска заштита, заштитно заземјување, нисконапонски електрични инсталации, заштитни ракавици и заштитни чизми од изолационен материјал, манипулативни мотки и изолациони простирки за заштита при работа со висок напон, минерални изолациони масла за примена во трансформатори и електрични апарати, работна средина истепен на заштита, обезбедена од куќишта (ознака IP).

Гоце Делчев бр. 1
Струмица

ИТ - 024 ТЦИ ЕУРОЦЕРТ

ИНСПЕКЦИЈА (КОНТРОЛА) НА ЛИФТОВИ, ДИГАЛКИ, ТРАНСПОРТЕРИ, МЕТАЛНИ КОНСТРУКЦИИ, РУДАРСКА ТЕХНИЧКА ОПРЕМА, ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК И ПРЕНОСЛИВА ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК, ЖИЧАРИ, СКИ ЛИФТОВИ, МЕТАЛНИ ПРОИЗВОДИ И КОНСТРУКЦИИ, СИГУРНОСНИ УРЕДИ ЗА САДОВИ, ИНСТАЛАЦИИ И ОПРЕМА ПОД ПРИТИСОК, ЕЛЕКТРОЕНЕРГЕТСКИ ПОСТРОЈКИ И ЕЛЕКТРИЧНА ОПРЕМА, НИСКОНАПОНСКИ ЕЛЕКТРИЧНИ ИНСТАЛАЦИИ, ЗАШТИТНО ЗАЗЕМЈУВАЊЕ, СИСТЕМИ ЗА ГРОМОБРАНСКА ИНСТАЛАЦИЈА И ОПРЕМА И ЗАШТИТНИ СИСТЕМИ КОИ СЕ НАМЕНЕТИ ЗА УПОТРЕБА ВО ПОТЕНЦИЈАЛНО ЕКСПЛОЗИВНИ СРЕДИНИ

ул. Лондонска бр.2, локал 22 – Скопје, Р. Македонија

ИТ - 027 ЦЕНТАР ЗА ИСТРАЖУВАЊА, РАЗВОЈ И КОНТИНУИРАНО ОБРАЗОВАНИЕ ЦИРКО ДООЕЛ - СКОПЈЕ

Инспекциско тело за опрема под притисок, пренослива опрема под притисок, метални конструкции, жичари и ски-лифтови.

Руѓер Бошковиќ бб / Машински факултет, Карпош II, ПФ 464, 1000 Скопје, Р. Македонија
Скопје - Карпош

ИТ - 031 МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА КВАЛИТЕТ - СКОПЈЕ

Инспекција на: нисконапонски електрични инсталации, зазeмјување, громобранска заштита, осветление, бучавост, пренослива опрема под притисок , електроенергетски постројки и електрични производи и уреди, опрема под притисок, рударска техничка опрема, статички броила за електрична енергија, безбедност на опрема, опрема и заштитни системи за употреба во потенцијално експлозивни атмосфери, фискална опрема и системи, дигалки и индустриски транспортери, пробници за контрола на опрема вградена во железнички возила и инфраструктура.Blvd. Jane Sandanski 113, 1000 Skopje

Бул. Јане Сандански 113, 1000 Скопје
Скопје - Аеродром

ИТ - 032 ГРАДЕЖНО МЕХАНИЗАЦИОНЕН ИНЖЕНЕРИНГ “ГМЦ” ДОО СКОПЈЕ / ОДДЕЛ ЗА ИНСПЕКЦИЈА

Инспекција (контрола) на лифтови, дигалки и транспортери, контрола на микроклиматски услови во работна средина и громобранска заштита и заземјување

бул. Кочо Рацин бр. 69/4, 1000 Скопје, Р. МакедонијаT.

ИТ - 057 МАКПЕТРОЛ - АД - СКОПЈЕ

Инспекциско тело за пренослива опрема под притисок – ТНГ шишиња за домаќинство

ул. Благоја Стефковски б.б., 1000 Скопје, Р. Македонија

ИТ – 070 ЕНЕРЏИ МЕИНТЕНЕНС СОЛУШНС ЕМС ДОО СКОПЈЕ

Инспекција ( контрола) на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди, нисконапонски електрични инсталации, заземјување и громобранска заштита.

БУЛЕВАР СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИБр. 30/1, 1000 СКОПЈЕ

ИТ – 080 Друштво за технички преглед и испитување ТЕХНИЧКИ ЦЕНТАР ЗА КВАЛИТЕТ ДООЕЛ Скопје

Инспекција на опрема под притисок, прeнослива опрема под притисок, метални конструкции и проверки на цистерни за транспорт на опасни материи без надпритисок (класа 3 до 9), дигалки и индустриски транспортери.

Ул. БАГДАДСКА бр.15-21 Карпош, Скопје
Скопје - Карпош

ИТ - 094 ИТИС ДОО СКОПЈЕ

Инспекција на електроенергетски постројки, електрични производи и уреди и инспекција на опрема, производи, заштитни системи и инсталации за употреба во потенцијално експлозивни атмосфери

Митрополит Теодосиј Гологанов 39/14, 1000 Скопје, Република Македонија

ИТ – 076 ТЕХНИЧКИ ИНСТИТУТ МАКЕДОНИЈА ДОО НЕГОТИНО

Инспекција (контрола) на:

  1. Eлектроенергетски постројки, електрични производи и уреди
  2. Дигалки и индустриски транспортери.
  3. Рударска техничка опрема.
  4. Oцена на сообразност на дигалки и индустриски транспортери; рударска и техничка опрема.
  5. Опрема под притисок; Пренослива опрема под притисок; Проверка на цистерни за транспорт на опасни материи без надпритисок (клас 3 од 9) АДР.
  6. Лифтови.
  7. Оцена на сообразност на лифтови.
  8. Работна и животна средина.
  9. Контрола и испитување на инструменти за мерење на температура.
  10. Стабилни системи за гасење на пожар; Противпожарни централи; Противпожарни апарати.
  11. Метални производи и конструкции.
  12. Антистатички подови
Ул. Железничка бр.8 1440 Неготино
Неготино

ИТ – 117 БЗР ТИМ ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Скопје

Инспекција (контрола) на лифтови, дигалки и транспортери, рударскo техничка опрема, системи за заштита од атмосферски празнења, заштитно заземјување и микроклиматски услови и бучава во работна средина.

ул. ЈОРДАН МИЈАЛКОВ Бр. 40-локал 10, Скопје
Скопје - Центар

ИТ – 116 ЕУРО ИНСПЕКТ ДООЕЛ Скопје

Инспекција (контрола) на лифтови, транспортери и виљушкари, Рударско техничка опрема, Системи за заштита од атмосферски празнења, Заштитно заземјување, Нисконапонски електрични инсталации

БУЛЕВАР АСНОМ бр.36локал 13, Скопје
Скопје - Аеродром