Рударска опрема

Рударска опрема

Инспекција на рударски машини и опрема и електрика во рударство

Прашања

Со кој Закон и Правилник се уредени обврските кои јас како сопственик на рударска опрема ги имам ?

Со Закон за техничка инспекција (Службен весник на Република Македонија бр.88/2008, 119/2010, 36/2011, 136/2011, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 61/2015, 154/2015 и 53/2016 год.) и Правилник за користење на рударско техничка опрема ( Службен весник на Република Македонија бр.170/2010 год.).

Која опрема е опфатена со правилникот за Рударско техничка опрема?

Одредбите од овој правилник се применуваат за следната рударскa техничка опрема:

  1. Рударска техничка опрема за изведување на рударски работи во јамски услови:
    • акумулаторски локомотиви за превоз на луѓе
    • акумулаторски локомотиви за превоз на руда, јаловина и материјали
    • тролеј - локомотиви за превоз на луѓе
    • тролеј - локомотиви за превоз на руда, јаловина и материјали
    • машини со дизел - мотори кои се користат при изведување на рударски работи во неметански јами врз натовар и превоз на руда, јаловина и материјали
    • машини со дизел - мотори кои се користат при изведување на рударски работи во неметански јами при превоз на луге
    • јамски камиони со дизел - мотори наменети за транспорт на руда и јаловина
    • машини со дизел - мотори кои се користат во не метански јами наменети за превоз на експлозивни средства, горива и мазива и сервисирање на техничката опрема
    • јамски вагони за превоз на луге
    • јамски вагони за превоз на руда, јаловина и материјали со самоистоварен чланкасти транспортер со електро погон и на компримиран воздух
    • техничка опрема за изведување на вертикални и коси јамски простории со водечка платформа
    • самоодни машини на електро погон за натовар и транспорт на руда и јаловина
    • самоодни машини со погон на компримиран воздух за натовар и транспорт на руда и јаловина
    • шински натоварни машини со погон на компримиран воздух
    • самоодни машини со дизел - мотор, кои се користат во неметански јами наменети за дупчење на мински и истражни дупнатини со електро – хидрауличен погон
    • машини со погон на компримиран воздух наменети за дупчење на мински дупчотини и изведба на истражни јамски дупчотини
    • машини на електро погон наменети за изведба на истражни јамски дупчотини
    • скреперски машини за транспорт на руда и јаловина на електро погон
    • скреперски машини за транспорт на руда и јаловина на погон со компримиран воздух и
    • машини за механизирано полнење на експлозив во мински дупчотини со погон на компримиран воздух
  2. Рударска техничка опрема за изведување на рударски работи при површинска експлоатација на јаглен:
    • роторни багери за ископ на јаглен и јаловина
    • одлагачи на јаглен и јаловина
    • багери - дреглајни
    • цевкополагачи
    • универзален багер и
    • самоодна универзална платформа
  3. Рударска техничка опрема за изведување на рударски работи при површинска експлоатација на металични и неметалични минереални суровини:
    • самоодни хидраулични дупчалки за дупчење на длабоки мински дупчотини со висечки и длабински ударен чекан
    • машини за дупчење на длабоки мински дупчотини со погон на компримиран воздух
    • електрични багери за натовар на руда и јаловина
    • камиони дампери за превоз на руда и јаловина
    • самоодна хидраулична дупчалка на дизел погон за изработка на дупчотини за оформување на камени блокови
    • самоодна хидраулична дупчалка на дизел погон за изработка на дупчотини при експлоатација на архтектонско украсен камен
    • самоодна хидраулична дупчалка на електро погон за изработка на дупчотини при експлоатација на архтектонско украсен камен
    • статична дијамантска жичана пила за оформување на камени блокови и
    • хидраулична ланчана пила за вертикално и хоризонтално суво сечење на камен на електричен погон

Што треба јас како сопственик на машина да направам за да можам законски да ја употребувам?

Рударско техничката опрема, пред да се стави во употреба, треба да ги има поминато следните постапки:

  • изработена техничка документација од страна на производител или проектант
  • извршена монтажа и преглед на рударската техничка опрема од страна на производител или монтажер
  • изготвени упатства за употреба, одржување и периодични прегледи и други документи кои треба да ја следат техничката опрема од член 2 на овој правилник при нејзино користење, од страна на производител или трговец
  • спроведена постапка за оцена на сообразност и изготвена изјава за сообразност од страна на производителот или трговецот, при што се применети националните стандарди и техничките спецификации
  • потпишан договор со сервисер за одржување и сервисирање на техничката опрема од член 2 на овој правилник и
  • извршен технички преглед пред ставање во употреба од инспекциско тело акредитирано од ИАРМ и со решение за вршење на технички прегледи и периодични испитувања на рударско техничка опрема.

Јас немам никаква документација за машината, купена ми е на старо/ја имам изгубено што да правам сега?

  1.  Во случај на постоечка рударска техничка опрема за која не постои техничка документација или упатства за употреба, одржување, прегледи и упатства во случај на несреќи и хаварии, корисникот на таа опрема треба да ги побара од производителот, застапникот или проектантот на истата или да побара нивно дополнително изработување.
  2. Дополнителното изработување од став 1 на овој член треба да го изврши производителот или проектантот на рударската техничка опрема, а за нивно користење да добие одобрување од независно правно лице за вршење на технички прегледи и периодични испитувања.
  3. Дополнително изработената техничка документација може да не ги содржи сите податоци доколку не е можно да се обезбедат  (на пр. сертификати за сообразност, податоци за вградени компоненти и уреди и слично.).

Кои ги врши техничките прегледи на машините?

Техничкиот преглед и периодичните испитувања на рударска техничка опрема од член 2 на овој правилник ги врши инспекциско тело за технички преглед и периодични испитувања на рударска техничка опрема утврдена со овој правилник, кое ги исполнува условите пропишани во глава IV од овој правилник.

Што треба сопственикот на рударска машина треба да прави откако ќе изврши прв технички преглед?

Член 10 од Правилникот

  • име, презиме и адреса или назив и седиште на подносителот на барањето
  • тип и намена на техничката опрема
  • локација (извозни хоризонти, поткопи, рампи) каде е вградена или пуштена техничката опрема
  • име, презиме и адреса или назив и седиште на производителот, или лицето кое ја пушта на пазар опремата или правното лице кое извршило значајни измени на техничката опрема
  • назив и седиште на сервисерот и
  • назив и седиште на независното правно лице кое извршило технички преглед.
  • тип, намена на техничката опрема, номиналната влечна сила, номинална носивост, номинална брзина, концентрација на издувните гасови и други технички карактеристики
  • заверена и потпишана изјава за сообразност согласно Правилникот за пуштање на рударска опрема и сигурносни уреди за опремата или Правилникот за безбедност на машини и Правилникот за опрема и заштитни системи кои се наменети за употреба во потенцијално експлозивни атмосвери
  • записник за предадена техничка опрема, техничка документација, упатства за употреба и други документи кои треба да ја следат техничката опрема при нејзино користење
  • технички извештај од извршениот технички преглед
  • изјава заверена на нотар за склучен договор со независно правно лице кое ќе врши технички прегледи и периодични испитувања
  • распоред __________на вршење на технички прегледи и периодични испитувања
  • изјава за склучен договор со сервисер кој ќе врши редовно одржување и сервисирање, со важност на гарантниот рок на опремата, а не помалку од една година
  • писмена изјава од сервисерот дека ги задоволува условите пропишани со овој правилник за време на важност на договорот и
  • изјава од корисникот дека ја поседува документацијата која треба да ја придружува техничката опрема при нејзино користење.

Кои документи следат при ставање во употреба на рударско техничката опрема?

Член 60

  • податоци за производителот (назив, седиште и регистрација за вршење на соодветна дејност)
  • листа на лица кои учествувале во избор и изработка на проектот и техничката документација
  • тип, намена на опремата, номинална носивост, номинална брзина и други технички карактеристики кои треба да ги исполни рударската техничка опрема за работа во јамски услови
  • листа на суштествени здравствени и безбедносни барања кои ги задоволува рударската техничка опрема
  • листа на применети стандарди, технички спецификации и технички прописи
  • опис на прифатените решенија за отстранување на опасности кои може да ги предизвика рударската техничка опрема при нејзино користење
  • листа на сигурносни уреди и компоненти
  • склопен цртеж на рударската техничка опрема со шеми за управување
  • упатства за монтажа (доколку е потребно)
  • електрични шеми на погонските струјни кола, струјните кола поврзани со сигурносните уреди и електрични шеми за поврзувањето со управувањето
  • потребни технички детали, цртежи и пресеци со сите потребни пресметки кои се потребни да се провери сообразноста на рударската техничка опрема со суштествените здравствени и безбедносни барања
  • копија од сертификатите за сообразност на сигурносните уреди
  • копија од сертификатите на други уреди каде е соодветно и
  • било каков извештај или сертификат од извршени испитувања и проверки на вградените компоненти, уреди и материјали.

После ставањето во употреба кои се моите понатамошни законски обврски?

Член 39 од Правилникот

  1. Прв технички преглед се врши пред ставање во употреба на новоизградена рударска техничка опрема или пред ставањето во употреба на рударска техничка опрема на која се извршени значајни промени.
  2. Периодичен технички преглед се врши најдоцна по истекот на една година, а за машините со дизел погон кои што се користат во јамските рудници по шест месеци од претходниот технички преглед или порано доколку е извршена промена на локацијата и условитеза работа.
  3. Вонреден технички преглед се врши пред ставањето во погон на рударската техничка опрема на која се отстранети недостатоците утврдени со техничките прегледи или е заменета некоја безбедносна компонента на рударската техничка опрема (уредите за сигурно сопирање, квалитетот на издувните гасови во јамата во зависност од движење на ветрената струја, уредот за сигнализација, уредот за посипување на шините со песок, уредот за автоматска командна плоча, светлосниот уред, сигурносните уреди и сигурносните вентили).