ЗА ДИТИ

Државниот инспекторат за техничка инспекција ги извршува активностите на инспекциски надзор при начинот на вршење на техничката инспекција и при користење на техничката опрема и условите кои треба да ги исполнуваат независните правни лица за вршење на технички прегледи и периодични испитувања, како и начинот на пропишување на техничките прописи за техничка опрема.

повеќе

Решение - 50 евра приходна сметка

23.05.2022

Ве информираме дека е отворена новата приходна сметка кај што можат странките да вршат уплата согласно измената на Законот за техничка инспекција, објавен во Службен весник на РСМ  бр 99 на 21.04.2022 година

Известување - 10 евра приходна сметка

23.05.2022

Ве информираме дека е отворена новата приходна сметка кај што можат странките да вршат уплата согласно измената на Законот за техничка инспекција, објавен во Службен весник на РСМ  бр 99 на 21.04.2022 година

Надлежности на инспекторатот

 

Државен инспекторат за техничка инспекција (ДИТИ)

Државниот инспекторат за техничка инспекција е орган во состав на Министерството за економија со својство на правно лице, со своја буџетска сметка како буџетски корисник од прва линија и самостоен орган за вршење на инспекциски надзор од технички аспект.

Државниот инспекторат за техничка инспекција врши инспекциски надзор над примената на законите и техничките прописи при користење на техничката опрема во областите:

  • Експлоатација на минерални суровини и геолошките истражувања
  • Опрема под притисок
  • Пренослива опрема под притисок
  • Лифтови, жичари, кранови и транспортери
  • Производи и исталации наменети за користење во потенцијално експлозивна средина
  • Електро енергетски постројки, Нисконапонски електрични уреди.

 

Структурно организационо поставеност на Државниот инспекторат за техничка инспекција

 

Државниот инспекторат за техничка инспекција како организационо целина е поставено како следува:

  1. Сектор за инспекциски надзор над експлоатација на минерални суровини и геолошки истражувања
    • Одделение за вршење на инспекциски надзор над експлоатацијата на минералните суровини и геолошките истражувања
    • Одделение за вршење на инспекциски надзор над експлоатација на минерални суровини и геолошки истражувања за регион Штип со градовите: Берово, Валандово, Виница, Гевгелија, Делчево, Кочани, Пробиштип, Радовиш, Свети Николе и Струмица
    • Одделение за инспекциски надзор над експлоатација на минерални суровини и геолошки истражувања за регион ТЕТОВО со градовите: Гостивар, Дебар, Кичево, Македонски Брод, Охрид и Струга
  2. Одделение за инспекциски надзор на опрема под притисок
  3. Одделение за инспекциски надзор на електро енергетски постројки, производи и уреди и производи и постројки наменети за работа во експлозивна атмосфера
  4. Одделение за инспекциски надзор на лифтови, жичари, дигалки и транспортери
  5. Одделение за нормативно-правни, општи и административни работи
  6. Одделение за управување со човечки ресурси

Државниот инспекторат за техничка инспекција, инспекцискиот надзор над Експлоатација на минерални суровини и геолошките истражувања го врши преку рударските инспектори, геолошките инспектори и инспекторите за вршење на инспекциски надзори над опремата што се користи при експлоатација на минерални суровини во површинска експлоатација и во подземна експлоатација односно електро инспектори во рударство.

Основен Закон по кој вршаат инспекциски надзор рударските инспектори, геолошките инспектори и инспекторите за надзор над опремата што се користи во рударството е Законот за минерални суровини како и подзаконските акти што произлегуваат од истиот закон. Исто така, при инспекциски надзор над експлоатацијата на минерални суровини се користат и други закони: Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за животна средина, и други закони кои се потребни при водење на управна постапка. Надзор над опремата која се користи при експлоатација на минералните суровини во подземна експлоатација, како и на површинска експлоатација се врши согласно правилник за опремата кој се користи во рударство.

Периодично испитување над опремата која се користи при експлоатација на минералните суровини, односно технички преглед на истата врши акредитирано независно правно тело, за што Државниот инспекторат за техничка инспекција издава соодветно решение за ставање во употреба.

Државниот инспекторат за техничка инспекција преку рударската инспекција врши над 400 инспекциски надзори на веќе потпишани договори за концесии за експлоатација и над 100 концесии за детални геолошки истражувања, по разни видови на минерални суровини и тоа за енергетски минерални суровини, металични минерални суровини, неметалични минерални суровини (варовник, украсен камен-мермери, глини, песоци и други), водите, минералните води, термалните води и термоминерални води.

Фази на инспекција

Фазите на инспекција според Законот за Безбедност на Производи и Законот за Техничка Инспекција се според дијаграмот:

Фази на инспекција

Државен инспекторат за техничка инспекција

Државниот инспекторат за техничка инспекција ги извршува активностите на инспекциски надзор при начинот на вршење на техничката инспекција и при користење на техничката опрема и условите кои треба да ги исполнуваат независните правни лица за вршење на технички прегледи и периодични испитувања, како и начинот на пропишување на техничките прописи за техничка опрема.

Работите на инспекциски надзoр на техничка опрема ги врши Државниот инспекторат за техничка инспекција како независен орган, спроведувајќи ги подзаконските акти на Министерството за економија.

Работите на технички прегледи и периодичните испитувања на техничка опрема ги вршат независни овластени и акредитирани тела за технички прегледи и периодични испитувања.